Вкупно 29.839 гласачи од Куманово до 18:30 часот го оствариле своето право на глас на шестите претседателски избори во земјава, од вкупно 92.839 гласачи колку што брои избирачкиот список, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, што е излезност од 39,05%.
Засега обработени се 82,30 отсто од 167 гласачки места на подрачјето на најголемата општина во Република Северна Македонија.
Излезноста во Старо Нагоричaне до 18:30 часот изнесува 40,04%, односно своето право го оствариле 1.333 лица од вкупно 3.333 колку што изнесува вкупниот број на гласачи во оваа општина.
Процесирани се скоро сите гласови, односно 99,88 отсто од сите кои досега излегле да го остварат своето право.
Во Липково до 17 часот правото на глас го искористиле 4.373 граѓани, односно 17,24% од вкупниот број на гласачи кој изнесува 25.401. Обработени се 99,85 отсто од гласовите и Липково е меѓу општините со најмала излезност во државата.
На ниво на целата територија на РСМ излезноста е 39,62% од вкупно обработени 97,31 отсто од избирачките места.