Каква е излезност до 11 часот низ Македонија?

Сподели со своите пријатели

Излезноста до 11 часот на вториот круг претседателски избори во Македонија е 12,58%, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Loading...

Овој процент се базира на вкупно 94,67 отсто од обработени избирачки места.

За претседателските избори излезноста е 12,87%. Најголема излезност има во Пробиштип, 27,85, а најмала излезност во Липково 1,76%.

Право на глас на вториот круг од претседателските избори во Македонија имаат 1.815.350 избирачи.

На парламентарните избори своето гласачко право до 11 часот го оствариле вкупно 13,66 отсто од лицата со право на глас.

За парламентарните избори излезноста е 13,69%. Најголема излезност има во Кривогаштани 28,38, а најмала излезност е во Врапчиште 5,2%.

Право на глас за парламентарните избори во Македонија имаат 1.815.350 избирачи.

Никола Ивановски

Loading...