Каква добивка имале лани македонските млекарници?

Сподели со своите пријатели

Последниве недели особено станаа актуелни новите поскапувања на храната, а меѓу нив и на млечните проиводи. Цените постојано се корегираат, а во моментов, додека се пишуваат овие редови ги користиме податоците од онлајн трговијата Пакет.мк.

Loading...

Цената на трајното млеко „Бимилк“ со масленост 3,2% е 69 денари за литар, 400 грама кисело млеко „Бучен Козјак“ е 35 денари, павлака 700 грама „Бимилк“ е 119 денари, кравјото сирење на „Бучен Козјак“ е 364 денари за еден килограм, мешано сирење на „Кораб Трница“ е 457 денари за килограм, кравји кашкавал на „Идеал Шипка“ е 572 денари…

Минатата есен цената на струјата нагло се зголеми, со што бизнис плановите на сите компании паднаа во вода. Дополнително, веќе на големо имаше раст на цените на суровините и на сточната храна на берзите.

Компаниите од млечната индустрија, во вакви услови, ги зголемуваа цените, а Владата на 4.12.2021 година донесе одлука за замрзнување на цените на ниво од 1 декември, на дел од производите меѓу кои и на трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, сирење и урда. Одлуката важеше до 1 март 2022 година, кога место замрзнати цени почна да се применува ограничена маржа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Третина од парите за невработените во Германија одат за странци

На 1 јуни се укина и замрзнувањето на маржите, за да по кус период од 2 недели пак се водведе змарнување, но со измени за ставки и проценти, кои се уште се во сила.

Во однос на млечни продукти, сега има маржа само за млеко, а не и за сирње и за урда. Имено, според одлуката од 14 јуни годинава, за трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10%  во трговијата на мало.

Порталот „Пари“ врз основа на податоците од платформата БизнисМрежа.мк го анализираше работењето на компаниите од млечната индустрија.

Заклучокот е дека оние што имале добивки во 2021 година, направиле помал профит отколку во 2020 година.

Loading...

Вакви компании се: млекара „Битола“, „Трница“, „Бучен Козјак“, „Лакталис МК“, „Хит 73“ и „Екошар“ од Тетово.  Фабриката за млечни производи „Осогово“ која во 2020 година била во плус, во 2021 година влегла во минус.  „Евро млекара“(Суташ) е во дебел минус, сличен на оној од претходната година, а минус, но значително помал од минусот во 2020 година, покажало финасиското работење на „Здравје Радово“ за 2021 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  22 ноември неработен ден за албанската заедница во Македонија

 

КОМПАНИИ ОД МЛЕЧНАТА ИНДУСТРИЈА СО ДОБИВКИ ВО 2021 ГОДИНА

 

Во овие 6 компании од млечната индустрија, лани е реализиран промет од 72,4 милиони евра, а нивната вкупна добивка била 3,3 милиони евра.

Од податоците може да се види дека најголема по приход и по добивка е млекара „Битола“. Таа лани направила промет 39,8 милиони евра и од него реалзирала профит од 2,4 милиони евра. Ова значи дека уделот на профитот во вкупниот приход е 6 проценти, или толку пари купувачите издвоиле со секоја набавка за добивката на компанијата.

Добивките на „Трница“, „Бучен Козјак“, „Лакталис“, „Хит 73“се мерат во стотици илјади евра, а „Екошар“ кој имал и најголем пад на добивката, во 2021 година бил во плус од 44.000 евра. Инаку, Лакталис МК ДООЕЛ е дел од Групацијата Лакталис со седиште во Лавал, Франција. „Лакталис МК“ во своето производно портфолио ги има производите под брендовите Алпско, Президент , Идеал Шипка и Дукат.

 

КОМПАНИИ ОД МЛЕЧНАТА ИНДУСТРИЈА СО ЗАГУБИ ВО 2021

 

Loading...

Компаниите „Здравје Радово“, „Евро млекара“ и „Осогово милк“ заедно направиле промет од 18 милиони евра. Но, и покрај толкава продажба, тие минатата година ја завршиле со минус. Притоа, како што може да се види од податоците, „Евро млекара“ и „Здравје“ и претходната година биле во минус, но ланската година минусот бил помал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цените на горивата остануваат исти и оваа недела

Евро млекара“ (Суташ) лани завршила со дебел минус од 2,7 милиони евра, речиси ист како во 2020 година, но сепак помал за 0,13%. Овој минус бил релаизиран при значителен раст на приходите, од 21%.

Кога би се наредиле компаниите по приход, со реализиран промет од 8 милиони евра, „Здравје Радово“ се наоѓа на третото место, но компанијата минатата година ја завршила со загуба од 892.000 евра. Добрата вест, е што таа загуба е за 40,3 проценти помала од онаа во 2020 година, при намалување на приходи од 1,6 проценти.

Осогово милк“ лани реализирал приходи од 3,6 милиони евра, тие биле за 13,8% помали отколку во 2020 година и компанијата лани остварила минус од 73.500 евра, додека во 2020 година имала добивка од 48.000 евра.

Целата анализа е достапа ТУКА