Каква беше излезноста во Старо Нагоричане и Липково до 20:30 часот?

Сподели со своите пријатели

Заклучно 20:30 часот излезноста во Старо Нагоричане изнесува 53.62 отсто, односно правото на глас го оствариле 1.569 лица.

Loading...

Во однос на претпоследниот пресек на гласовите се бележи раст на излезноста од 5 отсто.

Во оваа општина денеска право на глас имаа вкупно 2.926 лица, на 31 избирачко место.

Липково до 20:30 часот бележи најмала излезност од регионот. Правото на глас го оствариле 42.89% од граѓаните или гласале вкупно 11.009 лица.

Во однос на претпоследниот пресек на гласовите се бележи раст на излезноста од 4,5 отсто.

Во оваа општина денеска право на глас имаа 25.666 лица на 36 избирачки места.

Никола Ивановски

Leave a Reply