Бил Гејтс еден од основачите на компанијата „Мајкрософт“ открива дека сега користи Андроид телефон.
Во интевју за „Fox News Sunday“ тој изјавил дека неодамна се префрлил од оперативниот систем Windows Phone на Android.
Запрашан за односот со починатиот основач на компанијата „Apple“, Стив Џобс, со кој во повеќе наврати имаше конфликт, како и тоа што мисли за најновите iPhone уреди, некако успеа да го избегне вториот дел од одговорот.
– Мојот однос со Стив опфаќаше секакви замисливи аспекти. Особено во последните неколку години, додека се бореше со ракот, нашето пријателство зајакнуваше. Направив прекрасна работа со Pixar и Apple. Тој и ајс имавме многу заеднички работи. На некој начин бевме и различни. Стив беше генијалец, апсолутно неверојатен, рекол Гејтс, а тогаш наместо да го коментара новиот уред, рекол:
– Прекрасно е што Apple продолжува добро да работи. По некој случај користам само Windows компјутери. Телефонот кој го имаме неодамна се префрлилв на Андорид, од софтверот на „Microsoft“.
Продолжува да го фали Џобс за тоа што помогнал во негувањето фантастична конкуренција во областа на технологијата, но кога новинарот го притисна, призна дека не користи iPhone.
– Не, iPhone не, рекол Гејтс со насмевка.
Инаку, тој во 2013 година изјави дека неговите деца никогаш не барале производи на Apple. „Тие сакаат Windows компјутери и телефони“, рекол тогаш нивниот татко.