Си одиш така по некоја улица и здогледуваш контејнери. Тие така стари, полни со ѓубре (можеби два дена неиспразнети, ако не и повеќе), а заедно до ѓубрето ставени и едни слики. Така во ноќта, доцна како сега, осамени стојат и немо зборуваат за судбината си наша, тажна и проста, затупавена, за карактерот на луѓето и системите во општеството кои ја маргинализираат уметноста – ЗА ЖАЛ!
Ги гледаш и зборуваат немо,ти велат:
Како стигавме до тука,до ова „прекрасно“ дереџе…?
А во црните џакови исто така робје слики, кои се заробени во нечистотијата и реата од контејнерите и кои сакаат да се ослободат од најлонските синџири за да избегаат во некоја сала за изложба…
Ама тука е проблемот…за сала и изложба требаат пари…
А каде се парите?
-…..ги нема!

Ги познавав младите дечки… Добри луѓе, со јак дух пред се уметнички, сите беа на ликовна академија, трета година и имаа изнајмено мини атеље. Цртаа доста добро, сите тие од различни правци во свој стил,едниот знам имаше добиено награда на меѓународно ниво,беа надежни. Кога започнуваа со работата ентузијастично ги прифаќаа предизвиците,секој ден доаѓаа и сработуваа.Мини објектот од празен, за неполн месец беше преполнет со слики, веќе дури немаше ни место да најдат каде да ги стават. Беа расположени и среќни,насмејани до крај.Беа оптимисти дека животот за нив ќе се смени бидејќи добро работеа. Се чинеше така се во ред,се океј. Помина повеќе време,подолг период.Како поминуваше времето она претходното пополека бледееше и исчезнуваше,насмевките ги немаше,ентузијазмот исчезна. Еден ден седеа сите собрани внатре и случајно го слушнав нивниот разговор, едниот велеше:
– Луѓе за нас,леб нема,види едено куче нема за шо да ме каса… Не иде повеќе… Беше добро,конкуриравме тука не успеавме,а повеќе од 1 ипол година сме дипломирани без егзистенција, нема чаре си идам и никад више не се враќам. Пази ми нудат да работам као професор на ликовна академија у Чешка…што ќе ми е ова проклетијава тука…
Тогаш и кажа и на другарката дека и таа добила понуда да работи како моден дизајнер некаде во странство и дека мора да прифати,да го послуша,а овие другите двајца можеле во било кој момент да добијат такви понуди. Помина месец дена и рекоа дека си одат навистина,тешко им било ама рекоа „јеби га тоа е, живот, никад не се знае на шо ке те натера“. За две недели се беше спакувано и мислев ќе го понесат тоа со себе,но напротив,тие ги фрлија сликите за да бидат спомен (бидејќи знаат дека долго време ќе стојат таму (оти обично не го чистат ѓубрето) за да потсетуваат дека кај нас уметноста ете така (НЕ) се цени… И еве пак одлетаа 4 птици од гнездото си наше, 4 птици кои, можеби, утре таму каде што се ќе бидат нов Пикасо или Ван Гог-можеби и не такви како нив ама сепак повеќе ценети од тука. И ај да беа само тие 4 туку тука секој дек така некоја птица ќе си замине за да си најде потопли простори оти тука многу студи. Заради тој студ, ете така од ништо заминаа 600.000…


