По 50-годишна возраст, сè се менува, метаболизмот се забавува, телото ги губи мускулите, коскената маса се разредува, а кожата брзо се влошува. За да се забават сите овие процеси, потребно е да се смени менито и да се почитуваат здравите навики.
– Околу педесеттата година од животот, телото губи еден или два процента на мускулна маса годишно – велат нутриционистите.
Луѓето кои секогаш јаделе избалансиран оброк нема да мора значително да ги менуваат своите навики во староста, но исто така ќе мораат да направат некои ситни промени.
Дневните потреби за енергија се намалуваат за 10 проценти на возраст од 51 до 75 години, а потоа се намалуваат за уште 10 проценти на секои 10 години.
– Имајќи предвид дека луѓето во овој период од животот се обично помалку физички активни, им требаат 600 калории помалку на ден – објаснува германскиот нутриционист Улрих Громан, истакнувајќи дека постарите лица кои продолжуваат со истите навики на јадење значително ќе се ја зголемат тежинатат со текот на времето.
По 50-та година од животот, потребно е да се намали внесот на калории, но и да се воведат повеќе протеини во исхраната. Најдобри извори се пилешко, мисирка и риба. Исто така, пожелно е да се јаде јогурт и кисело млеко во поголеми количини.
Наместо бел леб, пожелно е да јадете цели житарици, но треба да го ограничите внесувањето и на овие намирници.
– На телото му треба еднаква количина на витамини и минерали, поради што постарите луѓе треба да конзумираат храна богата со хранливи материи, што значи дека би било пожелно да се зголеми внесот на зеленчук – заклучува тој.