Од некоја бизарна причина расте бројот на луѓето кои веруваат дека Земјата е рамна плоча. Така еден возач на лимузина по име Мајк Хјуз, верувајќи дека фотографиите од вселената се лажирани, решил самиот да направи ракета која ќе се дигне доволно високо да се увери во тоа каква форма има нашата планета.
Сепак, тој морал да го одложи лансирањето, откако лансерот се распаднал.
Меѓутоа, тој и нему слични можат да се уверат во тоа дека Земјата е кружна на многу полесни начини.
На пример можеле да одат на пат околу светот или поедонставно, да набљудуваат бродови на морето кои пловат кон хоризонтот.
Помрачување на Сонцето – доказ дека Земјата е рамна плоча?! (видео)