Како случајноста ја успорила еволуцијата на живите суштества?

Сподели со своите пријатели

Група истражувачи од УНиверзитетот во Екстер објавиле статија во списанието „Nature Communications“ во кое објасниле како една необична и случаја природна појава спречила пораст на количината на кислород во атмосферата, а со тоа и развојот на повеќеклеточни организими за цели две милијарди години.

Кислородот започнал да се таложи во атмосферата

Имено, многу пред камбриумската експлозија, односно пре околу 550 милиони години, прите организми кои живееле на Земјата биле едноклеточни и анаеробни, што значи дека не користеле кислород, гас кој тогаш во атмосферата го имало само во мали траги.

Пред околу 2,5 милијарди години цијаобкатериите биле првите организми кои вршеле фотосинтеза, ослободување на кислорот, кој немајќи повеќе каде, започнал да се таложи во атмосферата. Во рок од неколку стотици милиони години, нивото на кислородот во атмосферата бил околу десет пати помал отколку денес, недоволно за еволуцијата на аеробните организми, но доволно да изумрат многу видови бактерии за кои кислородот бил токсичен.

Зошто нивото на кислород престанало да расате?

По т.н. големо оксидативно изумирање, се случило нешто што за научниците долго време била целосна мистерија. Нивото на кислород престанало да се зголему, оставајќи две милијарди години на ниво од десет пати на она што е денес, иако цијанобактериите продолжиле да ослободуваат кислород со ненамалена брзина.

Како што наведуваат во своето истражување професорите ТИм Лентон и Стјуарт Дејнс од Универзитетот во Ексетер, растот на нивото на кислородот го спречила случајна нова повратна спрега. Имено, постојаните тектонски промени го истуркале на Земијана површина органскиот материјал кој со умирање на едноклеточните оргнаизми, се таложел во седиментите на дното на океаните.

Нивото на кислородот е непроменето две милијарди години

Овој органски материјал, кој прв пат бил изложен на Земјината атмосфера, реагирал и го заробил слободниот кислород. Бидејќи цијанобактериите и другите организми со умирање постојатно произведувале нов органски материјал, настанал еквилибриум во текој на кој нивото на кислород останал горе-долу непроменет две милијарди години.

Ситуацијата се изменила дури со еволуцијата на првите растенија, кога интензитетот на фотосинтезата се зголемил, а атмосферата повторно се заситила со кислород. До новиот и до ден-денес конечен еквалибриум доаѓа по камбриумската експлозија, кога се развиваат организми кои за да пеживеат, мораат да го трошат кислородот.

 

Loading...