КАКО СЛАВАТ МИЛИЈАРДЕРИТЕ? Бил Гејтс го прослави роденденот, Џеф Безос пристигна со хеликоптер (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бил Гејтс го прослави својот 66-ти роденден во Турција, поточно на плажата Sea Me во Фетије, пренесува турскиот Дејли Сабах.

Loading...

Основачот на Мајкрософт, чие богатство се проценува на 136 милијарди долари, на прославата го поканил и Џеф Безос и уште педесетина гости. Гостите биле пренесени со хеликоптер на мегајахтата на Гејтс во затскриен залив. Според локалните медиуми, Гејтс моментално изнајмува јахта за 1,8 милиони евра неделно.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Gates (@thisisbillgates)

 

Роденденската забава на Гејтс траела околу четири часа, пишува Daily Sabah. Наводно, на менито имало морски плодови, суши и пица, а шампањот бил истуран во потоци.

На вработените не им било дозволено да ги користат своите телефони за време на прославата за целосно да се заштити приватноста на учесниците.

Безос наводно по прославата се вратил на својата јахта со приватен хеликоптер.

Loading...

Според турските медиуми, Гејтс веќе некое време е на одмор во Турција.