Како синовите на Ел Чапо го продолжија семејниот „бизнис“?

Сподели со своите пријатели

Синовите на озлогласениот водач на нарко-картелот Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, кој отслужува доживотна затворска казна во САД, го продолжија семејниот „бизнис“ со фентанил со создавање мрежа на лаборатории кои произведуваат огромни количини на евтина, смртоносна дрога што тие ја прошверцуваат во САД, според неодамнешното обвинение на американските обвинители.

Loading...

Иако судењето на Ел Чапо се водеше главно околу испораките на кокаин, случајот против неговите синови открива дека картелот направил промена, преминувајќи на исклучително опасен фентанил, кој криминалците го продаваат во САД по најниски цени, според обвинението од 14 април, пренесува АП.

Синтетичките опиоиди, главно фентанил, убиваат повеќе Американци годишно отколку во Виетнам, Ирак и Авганистан заедно, што ги натера некои политичари да кажат дека картелите треба да бидат означени како терористички организации, според АП.

Агенцијата додава дека правењето сопствен фентанил, кој е многу посилен и поопасен од хероинот, во мали скриени лаборатории тотално ја променил „играта“.

Картелот потоа преминал кон изградба на лабораторија за фентанил, подоцна создавајќи мрежа од лаборатории во мексиканската држава Синалоа пред помалку од една деценија.

„Ова не се супер лаборатории, бидејќи на луѓето им даваат илузија дека изгледаат како фармацевтски лаборатории, знаете, тие се многу софистицирани. Но, тие се само метални цевки во кои понекогаш се користат дрвени лопатки, дури и лопати за мешање хемикалии“, изјави шефот на меѓународните операции во американската Федерална администрација за борба против дрога (DEA) Мајк Виџил.

Во една серија, картелот може да направи 100.000 таблети секој ден и да ги измами Американците да мислат дека земаат Xanax или Oxycodin.

Таблетите се шверцуваат преку граница за да се обезбеди она што еден од синовите на Ел Чапо, Иван Архивалдо Гузман Салазар, ги нарече „улиците на зависниците од дрога“, се вели во обвинението.

Loading...