Како се шишаат луѓето во вселената? Снимката стана хит на интернет! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Екипажот на „Шенжу-17“, составен од тројца кинески астронаути, користел специјални алатки за потстрижување на коса за да ја одржуваат својата вселенска станица чиста и уредна и да добијат фризура слична на онаа на Земјата.

Loading...

„Ќелавата личност има добри шанси да стане астронаут“, се пошегува италијанскиот астронаут Лука Пармитано за себе во 2019 година, признавајќи дека како човек без коса, сигурно не би направил хаос додека се потстрижува на леталото.

Сепак, се поставува прашањето, како астронаутите кои имаат коса ја потстрижуваат во вселената?

Видео кое се најде на Х профилот на „China News“ открива како точно изгледа овој процес.

Екипажот на „Шенжу-17“, кој се состои од тројца кинески астронаути, користел специјални алатки за сечење коса за да ја одржуваат својата вселенска станица чиста и уредна и да добијат фризури слични на оние на земјата.

Видеото покажува како астронаутите прво користат шампон без плакнење за практично миење на косата, а потоа специјално дизајнирана машинка за коса која истовремено ја сече и ја вакумира косата.

Снимката, исто така, покажува како астронаутите користат уред како правосмукалка за да ги одржуваат своите простории уредни.

Екипажот на Шенжу-17 или „Божествен брод“ е во орбитата повеќе од пет месеци и има завршено повеќе мисии, вклучително и две прошетки во вселената.

Loading...

Се очекува да се вратат на Земјата на крајот на април.