Како правилно да станете од кревет?

Сподели со своите пријатели

Неправилното станување од кревет на долгорочен план може да ве чини многу, затоа што трпи грбот, па сметката со време ќе стигне за наплата.

Јасна Романовиќ, физиотерапев од Белград објаснува како да поведете сметка, за да ги спречите негативните последици.

Доколку лежите на грбвот, свиткајте ги нозете во колковите и колената, вовлечете го стомакот и затегнете ги стомачните мускули.

Свртете го странично горниот дел од телото и нозете, без превртување на грбот.

Исправете го горниот дел од телото и подигнете го истовремено одгурнувајќи се со рака и спуштајќи ги потколениците преку работ од креветот.

На крај заземете седечка положба и потоа станете од креветот со исправен грб.

 

Loading...