Ништо не е поубаво отколку кога ќе се вратите дома и кучето ве пречекува со весело мавтање со опашката, но експертите за однесување на животните сакаат да знаете дека мавтајќи со опашката не значи секогаш дека вашето куче е среќно.
Кучињата изразуваат емоции со опашките, објаснува експертот за однесување на кучиња Катја Краус за германската новинска агенција dpa.
Додека ние луѓето сметаме дека тоа значи среќа – тоа е всушност само знак на возбуда на животното, вели таа.
Ако сакате точно да утврдите што се случува, обрнете внимание на висината на опашката и колку брзо таа се движи – исто така ќе ви открие дали кучето е среќно, исплашено или агресивно.
Скоро е правило дека чувството на напнатост е во однос на интензитетот на мавтањето на опашката – колку побавни и понежни се движењата на опашката, толку помалку напнатост чувствува кучето.
Работите се различни ако опашката се движи побрзо и не мавта во широк опсег. Затегната опашка што стои исправено и прави мали движења значи конфликт, а уште повеќе – исправена опашка што престанува да се движи.
Среќните кучиња обично мавтаат со опашките, кои се високи и речиси прават кругови во воздухот, вели Краус.
Но, понекогаш дури и среќно куче може брзо и остро да мавта со опашката.
За да го разликувате расположението на кучето, мора да ја набудувате опашката во различни ситуации, на пример кога знаете дека кучето се чувствува загрозено од друго куче.
Помага и кога ќе бидат земени во предвид карактерот, анатомијата и пораките на кучето од останатите делови на телото.