Пабло Пикасо, легенда во светот на сликарството, графиката и сценографијата, со своите дела се смета дека направил пресвртница во уметноста.
За време на неговиот живот, Пикасо направил филмски постер само два пати.
Едниот за филмот на Буњуел „Андалузиско куче“, а вториот е многу важен филм за југословенската кинематографија „Битката на Неретва“ во режија на Вељко Булајиќ.
Вељко Булајиќ го запознал Пикасо во Монте Карло во 1964 година на филмски фестивал.
Кога завршило снимањето на филмот, започнала неговата светска дистрибуција.
Булајиќ побарал од агентот на Пикасо во Париз да дизајнира постер за филмот кој ќе се користи на западниот пазар, пред се во Велика Британија.
Постерот за филмот „Битката на Неретва“ е испечатен во ограничено издание, а секоја копија била потпишана од Пикасо на задната страна.
На Пикасо му била интересна понудата да направи постер за филм кој доаѓа од Југославија, па решил да го погледне филмот, а потоа ја прифатил понудата.
Но, одбил хонорар за овој плакат, па за возврат побарал 12 шишиња вино од Југославија. Вељко Булајиќ лично подготвил колекција од 12 шишиња вино од Далмација, Србија и Македонија.
Битката на Неретва е југословенски партизански филм од 1969 година, снимен во меѓународна копродукција со Италија и Западна Германија.
Често се смета за еден од најдобрите филмови направени во Југославија, а можеби и најскапиот: проценките за неговиот буџет се движат од најмалку 4,5 милиони долари до дури 12 милиони долари (приспособено за инфлацијата, тоа би било еквивалент на 70 милиони долари денес).
Беше номиниран за Оскар за најдобар странски филм.