Како огномет на Денот на вљубените: Метор го освелти небото над Мелбурн (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Небото над Мелбурн беше осветлено од паѓачки метеор во неделата вечер, на Денот на вљубените.

Loading...

Би-Би-Си објави видео кое покажува блесок на пад на метеор, што, како што наведува, придонел за романтичната атмосфера на Денот на вљубените во овој австралиски град за време на петдневните мерки за заклучување.

Метеорот се движел со брзина од околу 40 километри на час.

Според австралискиот портал „9News“, Друштвото на астрономи објавило дека многу веројатно станува збор за камен што кружел околу Сонцето милиони години и дека во Земјината атмосфера бил привлечен и распаднат за неколку секунди.

Физичарот д-р Гејл Ајлес изјави дека метеорот не експлодирал технички.

– Ова е како парче камен. Кога е во вселената, се нарекува метеорит, така што во вселената има голем број парчиња камен и тие често се судираат со планетите – објасни таа.

 

Loading...

Leave a Reply