Ако се обидувате да изгубите тежина, советите на нутриционистите секако се нешто што често го читате и применувате. Најздравата храна, различните трендовски диети, „забранетата“ или дозволена храна, како и физичката активност се нешто со кое секој што се обидува да ја донесе линијата до совршенство секојдневно се соочува.
Но, исто така можете да се борите против вишокот килограми ако го разбирате овој трик! Постојат бои што не прават гладни!
Храната која е со висока содржина на шеќер
Тие се користат во маркетингот, најчесто ги користат бројни брендови или ланци за брза храна и така во нашиот мозок го „палат“ центарот за чувство на глад.
Црвената е бојата што најбрзо ќе не направи гладни!
Иако треба да сигнализира предупредување или опасност, црвената боја може да биде поврзана и со чувство на страст.
6 причини зошто треба да користите лимон во исхраната
Кога ќе видите убаво печено месо, кечап, сос од шпагети, црвената боја ве привлекува.
Веднаш потоа следи жолта боја, боја на толку омилена, и нездрава храна како тестенини, помфрит, разни пржени јадења…
Тука е и портокаловата боја, а можеби прво ќе помислите на моркови или портокали, но оваа боја го „буди“ гладот за нездрава храна. Само запомнете во каква боја се пржи бифтекот во масло?
Што се случува со организмот кога од исхраната ќе ги исфрлите млечните производи?
Како да се бориме?
За почетници, исфрлете ги овие бои од околината во која јадете. Потоа, исфрлете ги од чинијата, бидејќи дури и ако јадете мали количини, на пример, помфрит со кечап, овие бои ќе ве натераат да верувате дека сте уште гладни и дека треба да јадете нешто друго.