Како Маск го купи Твитер?

Сподели со своите пријатели

Илон Маск, истакнат и контроверзен корисник на Твитер, се вклучи во компанијата на почетокот на оваа година кога презеде повеќе од 9% од акциите.

Loading...

Откако објави дека станал најголемиот акционер на Твитер, Маск ја прифати, а потоа ја одби понудата да седне во управниот одбор на компанијата.

Маск потоа веднаш се понуди да го купи Твитер, се закани со непријателско преземање и потпиша „поволен“ купопродажен договор.

Меѓутоа, неколку недели подоцна, Маск почна да изразува загриженост за „пролиферацијата на лажни и спам-профили на Твитер“ и на крајот се обиде да го раскине договорот.

Твитер го тужеше и бараше да го почитува договорот, тврдејќи дека Маск го искористил аргументот за лажни профили за да се извлече од купувањето.

Две недели пред почетокот на судењето, Маск рече дека сепак ќе го почитува договорот според неговите првични услови.

Додека преговорите беа во тек, адвокатите на Маск побараа од судијата да ја запре правната постапка, што предизвика бурни реакции од Твитер, кој стравуваше дека Маск ќе го прекрши ветувањето и ќе се откаже од купувањето.

Судот им даде рок на Маск и на Твитер до 17 часот на 28 октомври да го затворат договорот или да се соочат со судење.

Loading...

Илон Маск по се изгледа денеска и официјално го затвори договорот за купување на Твитер за 44 милијарди долари, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата.

Неговиот прв потег беше да го отпушти раководството на социјалната мрежа.