Како љубовта влијае врз нашето здравје?

Сподели со своите пријатели

Љубовта нè тера убаво да се чувствуваме во сопствената кожа. Кога сме во фаза на вљубување позитивно сме расположени, немаме апетит и сме насмеани.

Loading...

Затоа стручњаците велат дека љубовта му годи на здравјето.

Кога сме заљубени, сме послаби Адреналинот што се создава во нашето тело кога сме заљубени го потиснува и нашиот апетит.

Нашата потреба за храна е помала, а тоа се одразува и на нашата дебелина. Заљубеноста и среќата го контролираат нашиот апетит.

Кога сме заљубени изгледаме помладо

Заљубеноста го поттикнува развојот на хормонот ДХЕА.

Тој се смета за еликсир на младоста и влијае врз зголемувањето на нивото на бета-ендорфин во мозокот, како и врз зголеменото либидо, поголемата волја за живот, намалувањето на стресот.

Сето ова ни помага да се чувствуваме убаво и да изгледаме помладо.

Loading...

Заљубените луѓе живеат подолго

Според истражувањата од Универзитетот во Јута, заљубените луѓе на кои им е возвратена љубовта живеат подолго отколку самците.

Кога се чувствуваме сакано, расте нашата самодоверба, а со тоа се намалуваат шансите да западнеме во депресија.