Како коментарите на интернет влијаат на психата?

Сподели со своите пријатели

Модераторите на коментарите на YouTube се предупредени дека работата може да има негативен ефект врз нивното ментално здравје и дека може да добијат нарушување на посттрауматскиот стрес (PTSD).

Loading...

Интернет-страниците на социјалните мрежи се повеќе ги информираат вработените за негативните ефекти на работните позиции модератор, по неколку извештаи за тешки услови за работа.

Google призна дека ги следи корисниците и кога е исклучена опцијата за лоцирање

Овие услови вклучуваат долгорочно гледање на насилна и на друг начин вознемирувачка содржина, со недоволна грижа за ментално здравје.

Пред да прифатат работа во „Accenture“, која работи со неколку социјални мрежи и платформата „Јутјуб“, вработените мора да потпишат форма наречена „Прифаќање“, пишува Гардијан.

Мерката беше воведена откако The Verge објави студија според која модераторите на интернет коментарите добиваат PTSD многу почесто отколку што би можеле да мислат, заради содржината што секојдневно ја разгледуваат.

Корисниците на „Deep web“ откриваат: ИМААТ ПОЛНИ СКЛАДИШТА СО ЛУЃЕ

Предметот ќе биде во сите идни договори, а старите вработени кои не сакаат да го потпишат ова „Прифаќање“ нема да трпат никакви последици, соопшти Акценур.

Loading...

Минатата година, The Verge објави анкета во која се вели дека модераторите имаат многу стресна работа и дека некој дури „спиеле со пиштол под перницата“, заради траумата што ја добиваат од читање коментари на интернет.

Leave a Reply