Како изгледаше хоророт во Диво насеље пред точно две години? (галерија)

Сподели со своите пријатели

Денеска навршија две години од хоророт кој се случи во кумановската населба Тоде Мендол или позната како Диво Насеље. Сеќавањата нема да избледат, посебно не за оние кои се најдоа во срцето на оваа населба, посебно не за оние кои таму оставија татко, син, брат…

Loading...

Осум полициски службеници го положија животот за мирот во Куманово, за мирот во Република Македонија. Дали некогаш ќе дознаеме зошто?

Тој 9ти мај 2015 година исплашени лица излегуваа од населбата, останатите седеа дома. Новинарските екипи на бензинска пред влезот во населбата и ние во страв и неизвесност. До нас доаѓаа информации за жртви, за положени животи, за цивили, за тероризам, за повторна активација на УЧК. Но, никој не кажуваше што конкретно се случува. Првите информации ги дознавме 20 часа по настанот.

Тие сабота и недела беа пеколни за Куманово. Вечерта кога заврши акцијата, новинарските екипи се упатија во Диво Насеље. Таму крв, траги од чад, пеплосани куќи, траги од куршуми. Рушевини.