Како изгледа пристапот до интернет во Северна Кореја (фото)

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја е заклучена кутија за останатиот дел од светот, па дури и нивниот интернет, инаку „светско око“ за запознавање на другите култури и обичаи во останатите држави од нашата планета.

Интернетот во државата на Ким Џонг Ун не е достапен за оние надвор од државата, но една грешка овозможи сите да погледнат на кратко.

Благодарение на „Reddit“ сите имаа можност да погледнат на севернокорејскиет сајтови со службениот домен на оваа држава. На 19 септември во 22 часот, сајтовите по грешка на еден од најголемите сервери на Северна Кореја, станале целосно достапни на целиот свет, но тоа бргу било поправено.

Претходно премногу малку се знаеше за интернет навиките во оваа земја, вклучувајќи го и нивниот регистриран домен, но 28 страници благодарение на оваа грешка беа јавно достапни.

Поголемиот дел од тие страници повторно се недостапни, но постојат скриншотови кои се поставени на „Reddit“, а страниците изгледаат каоконие кои постојат и во останатиот дел од светот, само имаат значително поскромен зиглед.

Покрај сајтовите за патување, може да се најдат портал за вести, сајтови во врска со спортот, готвење, гилмски фестивал кој постои во Пјонгјанг, како и нивната социјална мрежа.

 

Loading...