Нечисти базени, запоставени и скршени трибини, уништени прес центрите и вандализам на терените на стадионите е грдата слика која што може да се види во спортските комплекси во градот домаќин на Олимписките игри во 2016 година.
Loading...
Едноставно кажано, слична судбина која им се случи на спортските комплекси во поранешните градови домаќини на Олимписките игри, сега го задеси и Рио де Жанеиро. И тоа речиси само седум месеци по завршувањето на натпреварите!
Поразувачките слики доаѓаат од речиси сите спортски арени изграден за потребите на овој голем спортски настан.
Милионите кои биле потрошени за изградба на спортските комплекси на Рио де Жанеиро, сега треба да се вратат. Големите кредити како тегови висат околу вратот на бразилските власти кои сега немаат средства да инвестираат во одржувањето на овие објекти, ниту идеја како да им дадат нова улога на овие објекти.
Loading...
Тажната слика, меѓутоа, не се гледа само по Олимписките игри во Рио. И другите градови домаќини на Олимписките игри тешко да се најде корист од спортски објекти, кои биле подигнати за соодветните натпревари.
Се поставува прашањето дали е воопшто рационално да се прифати организирање на Игри, кога се знае дека тие ќе имаат далекусежни последици по урбанизмот на градовите и нивната финансиска стабилност.