Пореметување на личноста видлива е веќе во детството, а започнува поизразено да се покажува во пубертетот. Психопатите се одликуваат недостаток на емпатија, а тие исто така се мајстори на манипулацијата.
Можат да бидат високофункционални во општеството и да копираат социјално прифатливо однесуввање кое за нив самите ништо не значи.
Ова пореметување научниците го истражуваат многу години. Нова студија открива дека психопатијата е тесно поврзана со промените, односно абнормалностите на префронталниот кореткс на мозокот.
– Утврдивме дека затворениците со најголем степен на психопатија имаат најголема количина на сива материја во префронталниот кортекс – дел од мозокот одговорен за самоконтрола и социјално прилагодување. Исто така видевме дека активноста измеѓу префронталниот кортекс и неговата суб-регија кај тие луѓе е многу поизразена. Се заедно истражувањето покажа дека мозоците на луѓето со психопатија имаат абнормални структури и функции на префронталниот кортекст. А, тие абнормалности можат да бидат тесно пврзани со дефицитот на самоконтрола и прифаќање на социјалните рпавила кај тие поединци – објаснуваат од истражувачкиот тим.
Овие сознанија би можеле да бидат од помош да се сфати како психопатите размислуваат и одлучуваат. Научниците се надеваат дека тоа би можело да допринесе во иднина да се спречат криминалците во извршување на злосторства.