Меколи Калкин и Бренда Сонг привлекоа внимание за време на нивната прошетка, а парот е во врска од летото 2017 година.
40-годишниот Меколи Калкин ретко се појавува во јавноста, а кога тоа ќе се случи, тој е во друштво на неговата девојка, актерката Бренда Сонг (31).
Ѕвездата на филмот „Сам дома“, кој со многумина стана дел од божиќната традиција, шеташе низ Лос Анџелес со Бренда. Додека таа го шеташе кучето, Меколи ја возеше белата мачка во количката. Калкин на почетокот ги измами сите и помислија дека е бебе, но наскоро сфатија дека станува збор за животно.
Меколи имаше опуштен стајлин при прошетката, носеше панталони со змија, црвена маица и носеше сини очила за сонце. Бренда беше во црни панталони и маица и карирана кошула.
Патем, двојката е во врска од летото 2017 година, а тие се запознале во Тајланд додека го снимале дебитантскиот филм на актерот Сет Грин (44) „Changeland“.
„Ова е добра, веројатно наскоро ќе ставам неколку бебиња во неа. Мислам, навистина вежбавме”, еднаш рече Калкин за својата девојка. Тој додаде дека ќе имаат убави и прекрасни бебиња.
Калкин во минатото имаше проблеми со зависноста, а по раскинувањето доживеа тешки моменти. Почна да користи дрога и антидепресиви во 2011 година поради раскинување на осумгодишната врска со колешката Мила Кунис (37).
Нејзе тоа не и паднало тешко колку нему и набргу се за вљуби во актерот Ештон Качер (40).
Меколи ја молел да се врати кај него и покрај тоа, но Мила рекла дека тие можат да бидат само пријатели.
Калкин исто така е оженет со актерката Рејчел Минер (40) со која се оженил во 1998 година. Тие одлучиле да живеат разделени по само две години и се разведоа во 2002 година.
Причината за нивното раскинување била што таа сакала деца, а тој не бил подготвен за тоа и сакал да се врати на глумата.
Благодарение на филмот „Сам дома“, кој се прикажува ширум светот за време на Божиќ, актерот не мора да прави ништо и понекогаш се фали со тоа.
„Јас сум толку богат што можам постојано да седам со палецот во задникот и да гледам телевизија, а сепак ќе имам доволно пари за да ги школувам моите деца“, истакна тој еднаш.
Богатството на пензионираниот Калкин во моментов се проценува на 18 милиони долари, без големи и забележителни улоги, бидејќи тој го играше Кевин во „Сам дома“.