Во домаќинството има четири фрижидери за намирници, а во набавката полни пет колички кога купува неделни залихи за храна…
Алиша Доерти објави видео на интернет од својот типичен ден и привлече големо внимание.
Таа е мајка на десет деца, а грижата за многудетно семејство не е мала задача.
Нејзиниот ден започнува со будење во пет часот наутро, потоа смислува оброци што планира да ги подготви за децата во текот на следната недела, а потоа продолжува да прави список за купување.
View this post on Instagram
Таа оди во продавница многу рано, за да може да добие сè, а потоа да подготви оброци. Алиша полни дури четири колички со намирници за седум дена.
Нејзиниот неделен шопинг чини нешто повеќе од 1.000 долари, а се состои од купување хемикалии за домаќинството, храна, свежи и замрзнати производи.
View this post on Instagram
По купувањето, таа брза дома за да подготви голем појадок додека децата сè уште спијат. До завршувањето на појадокот, таа веќе почнува да подготвува ручек, а потоа и вечера.
Денот не завршува тука за неа. По готвењето, таа ги средува алиштата и подготвува облека за секое дете за таа недела, како и нивните пижами.
По вечерата, Алиша подготвува десерт, а денот завршува со семејна танцова забава.
View this post on Instagram
Многумина се воодушевени од нејзините способности, но и многу следбеници ја критикуваа затоа што мислат дека прави премногу.
– Те молам натерај ги сами да направат нешто – беше еден од коментарите.
„Зошто постарите деца не помагаат?“, праша друга придружничка.
Оние кои ја поддржуваат велат дека е подобро да се види мајка која се однесува кон постарите деца како да се деца, а не родители.
– Не е доволно да се каже дека си одлична мајка – гласи еден од коментарите за поддршка.
View this post on Instagram