Како Христијан Тодоровски го добил токму прекарот Карпош?

Сподели со своите пријатели

Денес сите го знаат прославнеиот јунак на македонскиот народ кој во 1689 година користејќи ги успесите на австриската војска која преку Шумадија и Косово наближувала кон Скопје, ги разбунтува катовските рудари и селанската сиромаштија против турските феудалци и бегови и макар за кратко време го ослободиле кратовскиот и кумановскиот крај. Народниот водач на овој бунт бил рударот Карпош. Крајот е познат. Востанието било задушено, а Карпош висел на бесилка крај камениот мост на Вардар во Скопје.

Loading...

Тоа е една од славните страници на нашата национална историја.

Според сеќавањата на борецот Дане Цеков, името на прославениот водач на кратовските рудари и селани Карпош за прв пат во стара Југославија се појавило во белградскиот весник „Политика“ некаде во 1938 или 1939 година.

Статијата што весникот ја објавил од некој новинар Србин всушност ги објаснувала настаните познати во нашата национална историја како Карпошово востание во кратовско-кумановскиот крај.

Објавената статија ги подразбудила националните чувства кај сите луѓе во Куманово. За таа статија се воделе многу разговори. Скоевците – ученици особено дискутирале за статијата на скопски состаноци или прошетки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пакетчиња од Општина Куманово за децата без родители и родителска грижа

Христијан Тодоровски, кога статијата била објавена бил ученик во VI клас на Гимназијата.

Еднаш се сретнавме, пишува Цеков, и тргнавме по сегашната улица „Доне Божинов“ и се упативме кон долниот градски парк. Разговорот се водеше на многу теми – задачи пред скоевската организација, форма за работа, како ние скоевците треба да биеме пример за учењето и др. Се поведе разговор и за статијата објавена во весникот „Политика.

– Видиш, рекол Христијан, како во учебниците по национална историја се кријат од нас и такви бурни настани каков што е бунтот на кратовските рудари под водство на Карпош. Па тоа име е славно во историјата на македонскиот народ. Кога ја читав статијата се возбудив. Името на Карпош треба да се памети, тоа име треба да се слави, рекол тогаш Христијан Тодоровски.

Loading...

Минале две години од разговорот меѓу Цеков и Тодоровски. Бурните историски настани од 1938 – 1941 година ги потиснале и впечатоците од статијата. Името на карпош се потиснало и подзаборавило. Но, Христијан името на Карпош не го заборавил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци освоија прво место во „Dota 2“ турнир (ФОТО)

Кога Христијан, одејќи по тежок, но славен пат, се нашол во редовите на братските српски партизани во составот на Куковичкиот партизански одред (Лесковачкиот) му било поставено прашање кој да му биде псевдонимот, а тој го избрал токму Карпош. Од тогаш сите започнале да го викаат така.

Секогаш спремен за борба и акција, секогаш меѓу првите во преземаните напади и јуриши, Христијан Карпош станал популарен во редовите на Кукавичкиот партизански одред. Другарите го заборавиле неговото вистинско име. Никој повеќе не го знаел како Христијан, туку само Карпош.

Кога Христијан се вратил во Куманово пролетта 1942 година и потоа во февруари 1943 година, партиските активисти и скоевците, со кои дој доаѓал во контакт, него именувале како Карпош.

Името Христијан Карпош наскоро започнало како молња да се разнесува низ сите села источно од Куманово и Врање.

На 2 август 1943 година на местото Свети Илија, источно од Врање се формирал Вториот кумановски партизански одред. За командант на одредот бил нзначен Карпош. Кон крајот на август истата година Кумановскиот одредн од Куќара планина пристигнал на Козјак планина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Само изминатиот викенд преку Табановце влегле над 50.000 патници

Под команда на Карпош, Вториот кумановски партизански одред во текот на септември и октомври извршил крупна задача, целосно ја уништил управно-административната власт на бугарските окупатори во поширокиот реон источно од Куманово.

За борците и народот од Козјачкиот крај и Горна Пчиња, Карпош станал легенда.

Loading...

Бугарската полиција во Куманово располагала со поатоци дека со Кумановскиот партизански одредн командува Карпош.

Но, кој е Карпош, какво е неговото име и презиме и од каде е тој полицијата тоа не можела да го дознае. Така псевдонимот Карпош неговото семејство го поштедило од терор и прогонување.

Името Карпош на Христијан му прилегало затоа што како борец и командант знаел достоинствено да се носи и во современата историја, ја зголемува славата и борбената традиција на револуционерно Куманово.

Денеска се навршуваат 79 години од загинувањето на овој народен херој.

По пишување на Дане Цеков

Извор: „Наш весник“ број 105 (вторник, 15. Февруари 1966. година)