Како еден патник надмудри авио-компанија за ограничувањето на багажот? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пакувањето за лет со авио-компании кои имаат строги правила поврзани со багажот може да биде проблематично, но еден Англичанец нашол начин да ги надмудри превозниците. Ли Симино вели дека бил фрустриран од правилата на компанијата „Рајанер“.

Сите патници смеат со себе да понесат личен багаж, кој може да подразбира помал ранец, торба за лап топ или слично, со дименции 40х20х25, а кој може да стане под седиштето пред патникот. Симино, како вели, бил изнервиран па дошол до една идеја. Го земал стариот капут, па го однел на гројач да ја преправи поставата.

По доградувањето на капутот, во него можел да стави се што му треба за еден краток пат. Симино го тестирал капутот на летото од Манчестер до Белфаст минатиот петок. успешно пристигнал до своето одредиште.

Засега нема информации за тоа дали планира да направи уште вакви капути.

Loading...

Leave a Reply