Запознајте го Винстон Черквил, инспиративен инфлуенсер кој патува!
Винстон е еж кој стана вирална ѕвезда откако тој и неговиот сопственик почнаа да посетуваат знаменитости секој ден и да се фотографираат до нив.
23-годишната Георги Ендрјус го носи својот еж на прошетка низ градот Плимут каде живее и ги фотографира нивните авантури. Таа го фотографираше покрај познатите локации и создаде профил за него на Инстаграм.
„Почнавме со 60 следбеници, сега има повеќе од 1.300“, изјави Георги за „Метро“.
Како што вели таа, судејќи според коментарите, луѓето сакаат ежови, а нејзиниот деветмесечен Винстон ужива во вниманието што го добива.
https://www.instagram.com/p/CADEzldHv5q/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/CAAY7JBgxOs/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/CACzB1-A7h2/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/CAFadmigMRb/?utm_source=ig_embed