Како доматите подолго да останат свежи во лето?

Сподели со своите пријатели

Одличен совет за летните денови.

Loading...

Иако сите мислевме дека нашите домати ќе останат подолго свежи доколку ги чуваме во фрижидер, се покажа дека тоа можеби не е така, односно дека е потребно да се најде златна средина.

Тимот на Тест Кујна со задоволство ги проучува сите новости поврзани со храната, од тоа како најдобро да се искористи и подготви до како да се направи што е можно поквалитетно.

Овој пат тие решија да ги испробаат советите на ботаничарката Џинхе Баи.

Со оглед на тоа што доматите траат подолго ако ги чуваме во фрижидер, голема е веројатноста на овој начин доматите да останат без вкус.

 

 

Loading...

Тоа се случува поради студот кој блокира одредени ензими во нив.

Баи дошол до решение за време на неговите експерименти. Доматите ги ставил во топла вода пет минути, на околу 50 степени целзиусови, а потоа ги ставил во фрижидер.

Тој тврди дека вкусот бил речиси ист како кога доматите стојат на собна температура.

Тест Кујна направила мало истражување и открила дека повеќето од десетте испитаници потврдиле дека вкусот на вака складираните домати е околу 80 отсто исто како кога се чуваат на собна температура.