Надуеноста е прилично непријатно чувство, кое за жал може да се случи и надвор од оние „женски денови”. Тоа се должи на различни фактори и навики кои без да сфаќате ви го отежнуваат варењето.
Еве 6 едноставни трикови кои ќе ви помогнат да го опоравите подуениот стомак:
- Ограничете ги производите со шеќер
Ако се храните поздраво и ги отстраните од менито бонбоните, газираните пијалаци и други слатки и не особено корисна храна која содржи вештачки засладувачи како сорбитол и аспартам, може да се намалат случаите и степенот на надуеност. Вештачките засладувачи го дразнат стомакот, бидејќи овие додатоци не можат да бидат искористени од организмот. Фруктозата исто секогаш се апсорбира правилно и добро од стомакот и затоа и таа може да се претвори во проблем, иако е природен шеќер.
- Јадете бавно
И што е најважно – џвакајте! Кога брзате при јадење голтате и многу воздух, кој е предуслов за формирање на гасови. Ако не ја џвакате добро храната, таа спаѓа во стомакот на големи парчиња и се разградува и преработува доста потешко, што исто така води до отекување и непријатни грчеви.
- Не консумирајте само сурово и зеленчук
Да, тие се многу корисни и содржат ензими, но исто така и иритирачки материи за желудникот, како рафиноза и скроб. Суровите зеленчуци содржат и доста целулоза која се апсорбира потешко од телото. Не исклучувајте го зеленчукот од менито, но подобро гответе ги главно на пареа, варете ги или печете ги.
- Не се стресувајте
Стресот доведува до промена на балансот на хормоните што веднаш се одразува на функциите на органите и системите во телото. Стресот може да биде почувствуван и физички како стегање и болка во долниот дел на стомакот. Ова го спречува дигестивниот систем и храната не може да биде разграден. Кога сте под стрес, прошетајте се, за да ги раздвижите меурчињата воздух кои се формирале во стомакот.
- Спортувајте
Некои вежби докажано го ублажуваат подуениот стомак и дури и болки во стомакот.
- Испитувајте се
Хроничниот оток и гасови може да бидат предизвикани од интолеранција на лактоза или фруктоза. Тоа е чувствителност на шеќерите, кои се наоѓаат во млекото и млечните производи или кон оние во плодовите. Важно е да се утврди дали случајно немате таков, за да знаете која храна да ја исклучите од режимот.