„Како да се ограби банка?“ ќе ги отвори „Деновите на комедија“ во Куманово
On:
Сподели со своите пријатели
Со претставата „Како да се ограби банка“ на Драмски театар Скопје вечерва започнува 21. издание на интернационалниот театарски фестивал „Денови на комедија“.
По текст на Сами Фејд, а во режија на Иван Манасковски вечерва во 20 часот љубителите на театарската уметност ќе можат да се насмеат со првата од 14те претстави кои ќе бидат играни во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Во претставата играат: Лазе Манасковски, Марија Кондовска, Гоце Тодоровски, Симон Манасковски, Катерина Шехтанска – Лаковски, Калина Наумовска и Игор Георгиев.
Кореографијата ја потпишува и самата актерка Шехтанска – Лаковски, додека за костимите се грижи Фросина Настевска. За сценографијата се погрижи Доротеа Ѓорѓиевска, а изборот на музика е на Иван Манасковски.