Најсигурен начин да се избегне главоболка после вино е да се консумира умререно. Меѓутоа, ретки се тие кои ја знаат причината за главоболката, а тоа не е само чашка повеќе.
Според Винепаир, главните виновници за главоболката се танинот, хистаминот и шеќерот. Танини се антиоксиданси кои се наоѓаат во лушпата на грозјето, семките и рачките и тие се причина поради кои по конзумирање на вино ви се суши устата. Кај многу луѓе танините нема да имаат никаков ефект, но кај некои лица можат да предизвикаат тешки главоболки.
Поради комбинација на шеќерот и алкохолот телото бара голема количина на вода, да може целосно да ја преработи таа комбинација. Ако не сте внеле доволно течности ќе почувствувате силна жед.
Придобивките од црвеното вино – го олеснува воспалението на дишните патишта