Водолиите многумина ги сметаат за идеален партер, особено ако сакате врска полна со авантури, но и емоции. Доколку сте фрлиле око на некој кој е роден во овој знак, со помош на овие трикови ќе го освоите нивното срце.
Она што Водолиите најмногу ги привлекува се лица кои знаат колку редат и стојат зад своите зборови и принципи. За да го привлечете вниманието на овој знак, ќе мора да се потрудите. Меѓутоа, кога тоа ќе го направите, препуштете се на забавата.
Водолиите се личности кои исклучително го ценат својот простор, па без оглед на тоа колку време ќе минувате со вас бараат малку простор за себе. Од друга страна, тие сакаат мистерии, па времето кое ќе го поминете одвоени ќе биде идеално за да ја разбудите фантазијата кај овој знак.
Loading...
Кога е во прашање состанок со Водолија, особено оној првиот, оставете доволно простор да се запознаете на различни нивоа. Имено, Водолиите ценат интелектуални разговори, и лица кои на тој начин ги предизвикуваат. Повторно, бидејќи се наклонети на откривање на се што им е непознато, најдобро би било кога од лесната вечера и разговор би преминале на долга прошетка.
За разлика од поголемиот дел хороскопски знаци, Водолијата на интимните односи не глда како на ншето што е најважно во врската. Сепак, било каков однос со личност која е Водолија во хороскоп ќе ви донесе уживање и забава, кога еднаш ќе се запознаете и опуштите меѓусебно.