Како да не ви се исуши цвеќето додека сте на одмор?

Сподели со своите пријатели

Сезона е на годишните домори, а вие покрај се што треба да направите, треба и да се погрижите завашето цвеќе на балконот или во станот кога ќе отпатувате.

Размислете како вашето растение ќе преживее на високи температури без вода, а веќе сте го навикнале на вадење два пати во текот на денот. Се штоможе да се реши овој проблем е едноставно, а за тоа ви е потребно само пластично шише од литар и половина или два.

 

Loading...

 

Трикот е во следното:

Земете го пластичното шише, исечете го само дното, а останатиот дел од шишето нека ви послужи како справа за полевање.

Во саксијата со цвеќе забоднете го шишето, со потесниот дел во земјата и сипете вода.

На тој начин земјата ќе ја зема водата во количината која и е потребна, а вашето цвеќе нема да се исуши.

Можете да се опуштите и да не размислувате, дали вашите омилени растенија ќе ве чекаат дома кога ќе се вратите од одмор или сепак не.