Секое семејство троши поголеми колични пари за храна, што на она која ја јаде, што на онаа која ја фрла поради истечен рок на траење. Неколку едноставни и помалку необични трикови ќе ви помогнат на намирниците долго да им ја сочувате свежината, но и да заштедите.
Ставете кромид во најлон чорапи
Наместо да фрлате искинати хулахопки, добро исперете ги, а ногавиците исечете ги на парчиња во должина од 15 сантиметри. Навчете ги преку неизлупените главици кромиц, заврзете ги краевите и ставете ги во подрумот. Текстурата на чорапите на зеленчукот ќе му овозможи да дише и со тоа ќе се избегне предвремено скапување. На вашиот кромид така можете да му го продолжите рокот и за шест месеци.
Цедилка ја штити лубеницата од распиување
Сте исекле лубеница, сте изеле и повеќе од планираното, а остаоткот сте го исечкале и ставиле во сад. Веќе до утре, задутре, вашето омилено летно освежување ќе започне да се расипува. На лубеницата ќе и ја продолжеите свежината уште неколку дена ако парчињата ги ставите во пластична цедалка под која има сад. Вишокот сок ќе се исцети, а процесот на гниење ќе се спречи.
Замрзнете паста со домати
Доколку по отворање на конзервата не сте ја искористиле сета коилична паста со домати, постои многу едноставен начин да ја сочувате. На претходно исечена хартија за печење ставете по една до две лажици паста, вниматлено затворете ја хартијата и пакетчињата стевете ги во замрзнувач.
На овој начин на доматот ќе му го продолжите рокот на траење дополнителни пет месеци.
Ловор за брашно без инсекти
Инсектите имаат обичај да се населат во „прашести“ намирници како брашно, а многу ленсо ќе ги истерате со ловор. Во тегла со брашно ставете неколку ловорови листови и кажете им збогум на непосакуваните гости. Инсектите не го поднесуваат силниот мирис на зачинот, а овој трик може да го примените и за ориз, за овесните снегулки и сл.
Сирењето чувајте го во солена вода
Трикот со кој поголемиот дел од домаќинствата се запознаени е дека мекото, бело сирење се држи во солена вода. Зошто? Комбинацијата на претходно зовриена и осолена вода и солта создаваат совршена средина з ачување на свежината на сирењата како фета и моцарела. Вака подготвеното сирење можете да го држите во фрижидерот и по неколку месеци без грижи дека ќе се расипе, само е потребно од време на време да ја промените солената вода.
Јаболки и копири одат заедно
За да спречите компирот да започне да ‘рти, потребно е да го држите во сува корпа и да му додадете по некое јаболко. Пектините од јаоблкото го спречуваат процесот кај овој вид зеленчук, а на тој начин ќе му го продолжите свежиот изглед и до осум недели.