Водењето сметка за хигиената е многу важно затоа што таа е клучна за превенција на ширењето на вируси грип и настинка, особено во овие зимски денови.
Резултатите од новите истражувања на американските научници покажале дека повеќето од тамошните жители сметаат дека вакцините не им помагаат во превенцијата против грипот. Дури 42% грипот не го доживуваат како сериозна болест, а само лицата од третата доба спроведуваат адекватни мерки за превенција на грипот и настинката.
Овие чекори се неопходно да се следат во борбата против болестите:
-
Редовно миење на рацете.
-
Адекватна количина на сон.
-
Усвојување на здрави прехрамбени навики.
-
Земање на адекватни количини на витамини.
-
Избегнување на контакт со луѓе кои се болни, а ако вие сте болни, направете ги сите потребни мерки да не ги заразите оние од вашата околина.
-
Немојте да одите на работа, туку останете дома.
-
Покријте ги устата и носот додека кашлате.
-
Мијте ги рацете пред допир со работни површини.
-
Немојте да ги делите пешкирите и крпите со луѓето од вашето опкружување.
-
Одржувајте телесна хигиена и редовно чистете го просторот во кој престојувате.