Како бил одбележан 11 Ноември во 1970 година? (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Денот на ослободувањето на Куманово уште многу одамна се одбележувал со низа културни настани.

Loading...

Така било и во 1970 година, кога во прв ред се одржале традиционалните „Поткозјачки поетски средби“ со учество на млади поети од повеќе градови на земјата.

 

 

Непосредно пред 11 Ноември, претседателот на општинското собрание организирал прием за родители на паднатите борци и пионери од основните училишта.

Истиот ден попладне, на Спомен костурницата се извршувале свечено полагање на венци и свежо цвеќе од граѓаните, работните луѓе, младината и пионерите. По тој повод се одржал и рецитал на револуционерна музика.

 

Loading...

 

Свежо цвеќе и венци биле положени и на сите останати спомен белези во градот, работните организации и селата.

Спроти денот имало и огномет на плоштадот, што претставувал посебен спектакл, а вечерта била организирана приредба со учество на градските културно-уметнички друштва.

 

 

На Денот на ослободувањето биле врачени Ноемвриските награди, како и одржување на плац-концерт, отворање на изложна на Друштвото на ликовните уметници од Куманово и сл.

Loading...

Во програмата бил и натпревар меѓу фудбалските екипи на Тетекс од Тетово и Куманово, а на самиот ден се одиграл фудбалски натпревар помеѓу Вардар и Куманово во рамките на натпреварите за Југокупот на територијата на Македонија.

 

 

Извор: „Наш весник“

Leave a Reply