Како би можела да заврши војната: Советникот на Зеленски објави неколку сценарија

Сподели со своите пријатели

Војната во Украина би тревало да заврши до мај, затоа што Русија ќе остане без ресурси за продолжување на инвазијата, тврди советникот на началникот на кабинетот на украинскиот претседател Олексеј Арестович.

Loading...

Цитирајќи видео објавено од неколку украински медиуми, Ројтерс известува дека Арестович рекол дека точниот момент ќе зависи од тоа колку пари Кремљ е подготвен да посвети на воената кампања.

 

Украина е загрижена поради нападот на Русите од уште една земја

 

„Мислам дека треба да имаме мировен договор во мај, најдоцна на почетокот на мај, можеби многу порано, ќе видиме, зборувам за последните можни датуми“, рече Арестовиќ и додаде:

Сега сме на вилушка: или ќе се постигне мировен договор многу брзо, во рок од една или две недели, со повлекување на војниците и се, или ќе се обидат да соберат некои, да речеме, Сиријци за вториот круг и, кога ќе ги смелеме и нив, договор би бил до средината или крајот на април. Сосема лудо сценарио би можело да вклучи Русија да испраќа нови војници по еден месец обука.