Дали некогаш сте се запрашале што би се случило со нашата Земја ако апсолутно сите луѓе едноставно исчезнат одеднаш?
Какво сценарио би се случило со нашата планета и во која насока би се развивал животот без човечко присуство…
Одговорот на тоа исклучително интересно прашање проба да го открие тиктокер под името „learn videos“, кој се потруди и го разработи најверојатното сценарио.
Па, еве што би следело според неговиот модел:
„Неколку часа по исчезнувањето на човештвото, светлата ширум светот ќе се изгаснат бидејќи повеќето електрани работат на фосилни горива. Се разбира, без луѓе нема да има кој да се грижи за нив и тие ќе престанат да работат.
Приближно 48 часа откако ќе забележат ненадеен пад на потрошувачката на енергија, нуклеарните централи би се префрлиле на таканаречениот „безбеден режим“.
Ветерниците би престанале да работат доколку им снема лубриканти, а соларните панели би станале бескорисни поради прашината.
Така, речиси сите региони, освен оние поврзани со хидроцентрали, брзо би се нашле без извори на енергија.
Понатаму, два-три дена откако би исчезнале ние, поголемиот дел од метрото ќе биде поплавено бидејќи пумпите нема да можат дда работат без наша интервенција.
@learnvideos_Part1/2 Part 2 tomorrow ##viral ##fy ##fyp ##coment ##like ##follow ##humans ##disappeared♬ original sound – Learn
Иднината на животните
Оние животни кои некако би успеале да избегаат во природата би се нашле во сосема нова реалност – во брутална битка за опстанок, а веќе нема да има место за „декоративни“ видови кучиња.
Тие би исчезнале затоа што, на пример, кратките шепи во булдогот би се покажале како смртоносна маана.
Еден месец по нашето исчезнување, целата вода наменета за ладење на нуклеарните централи ќе испари. А тоа би довело до серија екстремно моќни експлозии и големи катастрофи, далеку помоќни од онаа во Чернобил.
Милиони животни би умреле од рак, но планетата сепак би можела лесно и брзо да се опорави од радиоактивната контаминација.
По 25 години човечки исчезнувања, три четвртини од плоштадите и патиштата ќе бидат покриени со вегетација. А каде што има растенија, има и тревопасни животни. А каде што има плен, има и предатор.
Преживеаните кучиња ќе почнат да се мешаат со волци и да влегуваат во поранешните градови. Без нас воздухот би бил прочистен, па во некои градови видливоста би била повеќекратно подобрена.
Сепак, градовите како Дубаи и Лас Вегас би биле закопани под песок. Пустината ќе си го земе она што и припаѓало. Исто како и остатокот од природата.
На многумина би им било мило што не сме таму
По 300 години, металните конструкции, како што е Ајфеловата кула, би почнале да се распаѓаат бидејќи нема да има кој да ги бојадиса и да ги заштити од корозија.
Сите високи згради ќе паднат, а големи мочуришта, како оние што некогаш ги покривале САД, повторно ќе се појават.
И на големите морски животни би им било мило да не нè видат повторно. На пример, без присуство на луѓе, популацијата на китови ќе процвета.
После 10 илјади години, единственото нешто што би потсетувало на постоењето на луѓето би биле остатоците од камените конструкции. Пирамидите, Кинескиот ѕид, планината Рашмор би останале…
За 50 милиони години пластичните шишиња и парчиња стакло ќе бидат последното нешто што ќе остане од нас, а во следните 50 милиони години тоа ќе исчезне.
Да, нашата планета може без нас, но ние не можеме без неа, заклучил авторот на видеото.
@learnvideos_Reply to @inanckacan Part2/2 new Thema tomorrow ##viral ##fy ##fyp ##coment ##like ##follow ##humans ##disappeared ##learn ##part2