Фондацијата „Arbor Day“ вети дека во рамките на акцијата „TeamTrees“ ќе засади едно дрво за секој долар што го добиваат како донација.
На овој повик одговорил вчера Илон Маск, извршен директор на Тесла, кој донирал еден милион долари.
Веднаш потоа, дојде одговор од извршниот директор на „Shopify“, Тобијас Лутке, кој донираше исто така еден милион долари.
„TeamTrees“ е иницијатива на американскиот влогер Џyими Доналдсон (MrBeast), кој има за цел да засади 20 милиони нови дрвја низ целиот свет до 1 јануари 2020 година.
Маск го контактирал Доналдсон преку Твитер, каде го прашал каков вид дрвја ќе бидат засадени и каде. Одговорот дошол од друга славна личност на ЈуТјуб, Маркес Бровли, кој објаснил дека донацијата за „TeamTrees“ оди директно во Фондацијата Арбор Деј, која веќе 40 години сади дрвја.
Досега се собрани 10.233.947 американски долари за оваа намена, а најголеми донатори се Тоби Лутке (1.000,001 дрвја), Илон Маск (1.000.000 дрвја), Elf Development A/S (250.000 дрвја), Сузан Војицки (200 000 дрвја). Џек Дорси (150.000 дрвја), Џими Доналдсон (100.002 дрвја) и Ален Вокер (100.001 дрво).
Интересно е што Маск донираше милион долари само еден ден откако сведочеше на суд со заклетва дека е финансиски неликвиден и нема лични пари.