Како Африка стана светско жариште на војните додека светот го свртува погледот?

Сподели со своите пријатели

40% од војните и вооружените конфликти во светот во моментов се случуваат на еден континент – Африка.

Црвениот крст вели дека има повеќе од 50 активни вооружени конфликти низ Африка во моментот, скок од 45% од 2020 година. Но, зошто и како Африка стана жариште за војна?

 

 

Африка има две многу важни работи, најмладата популација во светот и приближно 30 отсто критичните минерали. Но, ресурсите ги поттикнуваат војните за контрола.

Критичниот извоз на минерали во Африка во вредност од милијарди долари сочинува повеќе од 10% од глобалната трговија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европска земја ќе ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 години

Во исто време милиони млади Африканци се невработени или заглавени под прагот на сиромаштијата.

Mилициите и другите разни групи го искористуваат очајот за регрутирање.

Климатските промени, исто така се значаен фактор што предизвикува конкуренција околу природните ресурси како што се вода, земја и храна.

Боко харам и други вооружени групи беа активни околу сливот на езерото Чад што се наоѓа меѓу Камерун, Чад, Нигер и Нигерија, а политичките фактори како што се корупцијата и странското мешање продолжуваат да потхрануваат циклус на конфликти.

Сите конфликти принудија повеќе од 45 милиони луѓе да ги напуштат своите домови, повеќе од една третина од сите раселени луѓе во светот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Торнадо го опустоши Бразил: Неколку мртви и над 100 повредени (ВИДЕО)

Судан сега е во најголемата криза со раселување. Над 14 милиони луѓе мораа да ги напуштат своите домови, што е секој трет Суданец.

Бунтовничката група М23 повторно разгоре војна во богатиот со минерали исток од Демократската Република Конго.

Најмалку 7.000 луѓе се убиени во последните месеци. Повеќе од 7 милиони луѓе се раселени низ рогот на Африка.

Сомалија се бори против групата Ал Шабаб веќе 16 години, речиси 1 од 4 луѓе во Сомалија сега се раселени.

Ширум континентот беснеат уште десетици конфликти. Поради нив 3% од Африканците се или раселени бегалци или баратели на азил, седум од 10-те земји кои се домаќини на најмногу бегалци и самите се во конфликт што значи дека милиони бегаат од една воена зона во друга низ континентот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најголема хуманитарна катастрофа во светот: Што се случува во Судан?

Секој петти Африканец сега има потреба од хуманитарна помош, но не е секогаш лесно да се дојде до неа. Администрацијата на Трамп ја намали помошта, а европските донатори, исто така ги намалуваат нивните придонеси.

Во време кога Африка се соочува со огромни предизвици и војни, поголемиот дел од светот го свртува погледот.