Ново истражување покажало дека луѓето користеле како во Јужна Америка пред 5.400 години, што е значително повеќе од што досега се знаело за употребата на рестението од кое сега се прават чоколадите.
Тестовите покажале траги на какао во предмети од археолошка локација во Еквадор, се наведува во објавената студина во „Nature Ecology & Evolution“.
Студијата покажува дека изгледа какото било одомаќинето 1.500 години порано на локациите во Централна Америка за кои досега се знаело, пренесува АП.
НАЈСКАПОТО ЧОКОЛАДО ВО СВЕТОТ: Едно парче чини цело богатство
– Тоа е најстарата локација за одгледување какаол, рекол Камерон Мекнил од Леман колеџот во Њујорк.
Древните јужноамерикански цивилизации веројатно не користеле како за правење чоколади затоа што нема потврда дека староседелците во регионот го користеле на тој начин, наведуваат истражувачите од канадскиот Универзитет Британска Колумбија.
Тестовите покажуваат дека старите народи го користеле семето од какао. Семето е дел од зрното кое се користи за правење чоколадо.
Староседелците во регионот на горен Амазон денес какото го користат за ферментирање на пијалаци и сокови и така веројатно бил користен и пред повеќе од илјада години, наведуваат истражувачите.
Научниците во поголемиот дел се сложуваат дека какаото за прв пат е користено во Јужна Америка, а не во Централна како што претходно се верувало, што го потврдуваат и новите податоци.
Три вида тестови биле направени на предмети од локацијата Санта Ана Ла Флорида во Еквадор. Еден е направен поради барање на присуство на теобромин, клучна состојна на какаото, во други се барани честички кои би помогнале во идентифиакција на употребата на тоа растение, а трет е ДНК тест поради идентификација на какаото.
НАЈСКАПОТО ЧОКОЛАДО ВО СВЕТОТ: Едно парче чини цело богатство

