Какаото претставува одличен извор на железо, манган, цинк и хром, а содржи и витамин Ц.
Какаото исто така е и одличен извор на бројни антиоксиданси, а особено полифеноли коишто подмладуваат, но и го штитат организмот од влијанието на слободните радикали, како и некои видови на канцери.
НАУКАТА ТВРДИ: Текилата би можела да биде добра за коските
А ова се 5 причини зошто веднаш да се напиете чаша какао:
1.Какаото помага во регулацијата на нивото на шеќерот и холестеролот во крвта.
2.Овој “кралски” прав го урамнотежува и крвниот притисок, но и го заштитува организмот од болести на кардиоваскуларниот систем.
3.Поттикнува подобра концентрација и помнење, па особено се препорачува во периоди на подготовки за испити или за време на напорни деловни преговори.
Маслиново масло: Го чува срцето, го штити црниот дроб, го успорува стареењето…
4.Ги намалува негативните последици од секојдневниот стрес.
5.Какаото го поттикнува лачењето на хормонот на среќа – серотонинот, па и забележително го подобрува расположението.