Каја Калас закажа вонреден состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија (ЕУ) Каја Калас вечерва изјави дека за утре свикала вонреден состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ по американско-израелските напади врз Иран и одговорот на Иран со ракетни напади.

„Ќе свикам вонреден состанок на Советот за надворешни работи преку видео конференција во недела за да разговарам за ситуацијата во Иран и брзиот развој на Блискиот Исток“, напиша Каја Калас на платформата X.

Таа додаде дека е во контакт со европските партнери во земјите од Заливот.

„Недискриминирачките напади на иранскиот режим врз неговите соседи ризикуваат да го вовлечат регионот во поширока војна и ние силно ги осудуваме. Од суштинско значење е војната да не се прошири понатаму“, додаде таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Погодена станбена зграда во Бахреин (ВИДЕО)

Израел и САД рано утринава го нападнаа Иран. Иран возврати со ракетни напади врз голем број земји во регионот, пред се каде што има американско присуство.

Според првиот биланс на иранската Црвена полумесечина, ширум Иран загинале повеќе од 200 луѓе.