Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека мора да има прекин на огнот пред преговорите меѓу Украина и Русија.
„За да започнат мировни преговори, мора да има прекин на огнот“, изјави Каја Калас по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на неколку европски земји во Лондон.
Таа додаде дека мора да изврши „притисок врз Русија затоа што таа игра игра“.
Министрите за надворешни работи на неколку клучни европски земји ќе се сретнат денес во Лондон на разговори за Украина, два дена откако сојузниците на Украина ѝ поставија на Москва ултиматум да прифати прекин на огнот.
Заедно со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, во Ланкастер Хаус ќе бидат присутни и неговите германски, полски и шпански колеги.
Тие „клучни разговори“ ќе се фокусираат на „заедничките напори за зајакнување на европската безбедност и за праведен и траен мир во Украина“, се вели во соопштението на британското Министерство за надворешни работи.