Во периодот од 18.09 до денеска, од страна на полициски службеници во Полициската станица за граничен надзор ,,Сопот“, на самата гранична линија на потегот од Миратовачки пат во село Лојане до автопатот спречен е обид за илегален влез во Република Македонија од правец на Република Србија на 121 лице мигранти во тринаесет случаи.
Како што информираат од полицијата, од нив 112 биле од Иран, шест од Авганистан и три лица од Индија.