Женскиот ракометен клуб Куманово несомнено станува препознатлив на европската ракометна сцена. По пријателскиот натпревар со грчки Паок, учеството во ЕХФ Челинџ Купот на сенирките, изминатиот викенд кадетките на клубот го совладаа ЖРК Крајова од Романија.
Првиот дел од средбата кумановки играа гол за гол со романскиот противник па на пауза се замина со резултат 18:17. Дека Куманвоо има ракометна иднина покажа вториот дел од средбата кога кадетките прикажаа доминантна игра и со 37:31 извојуваа победа.
Како што информираа од Управата на клубот, мечот следувал на барање на ЖРК Крајова од Романија.