Пред 200.000 години, Хомо сапиенс живеел во северниот дел на Боцвана, од каде населувал други области, според научната студија објавена во списанието „Nature“.
– Ние одамна знаевме дека модерниот човек се појавил во Африка пред околу 200 000 години, но до ден денес не знаевме каде е неговата татковина – вели авторот на студијата Ванеса Хејс, од Универзитетот во Сиднеј.
Нејзиниот меѓународен научен тим ја идентификуваше лулката на современиот човек користејќи ДНК анализа, лингвистички и географски податоци, како и климатски модели.
Во областа Макгадикгади-Окаванго, јужно од реката Замбези, некогаш имало огромно езеро, кое се протегало на околу 130.000 квадратни километри. Денес тоа е претежно пустинска област.
Нашите предци, наводно, живееле во регионот околу 70.000 години, пред килиматските промени да ги принудат да заминат и да се населат во други области.
Научниците анализирале повеќе од 1.200 примероци на ДНК на луѓе кои живеат во јужна Африка денес, вклучувајќи го Којсанците, етничка група на која припаѓаат во Бушман, а кои и денеска зборуваат со испуштање звуци со јазикот.
Претходните генетски истражувања покажале дека Којсанците се најстарата група на луѓе што постои денес, а лингвистите веруваат испуштање „клик“ на гласовите и треперење на јазикот се остатоци од оригиналниот начин на комуникација со современите луѓе.
Научниците ја анализирале мотохондриската ДНК на Којсанците, за која се смета дека е еден вид „временска капсула“ на човечките предци и ги складира информациите за промените низ генерациите.
На овој начин, Хејс и нејзината екипа направиле семејно стебло со можно разгранување и промена познати како хаплгрупа ЛО.
Тие ги комбинирале овие резултати со податоци за географската, лингвистичката и културната дистрибуција на различните групи, со што ја лоцирле заедничка татковина што ја опфаќа областа од Намибија, преку Боцвана, сè до Зимбабве.
Други научници се сомневаат во резултатите. Бидејќи студијата опфаќа само мал дел од човечкиот наследен материјал, тие веруваат дека е невозможно да се извлечат општи заклучоци за комплексно генетско потекло.
– Невозможно е да се донесе заклучок за географското потекло на современите луѓе во Африка ако се анализираат само моделите на отстапување на модерното население. Причината е дека човекот патувал огромни растојанија низ историјата – вели Сара Тискоф од Универзитетот во Пенсилванија.