Каде живеат највисоките луѓе во светот? На листата се две балкански држави! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Според веб-страницата World Population Review, Холанѓаните се највисоките луѓе во светот, по нив следат Црногорците, Естонците и жителите на Босна и Херцеговина.

 

 

Историските записи покажуваат дека во средината на 19 век, мажите во Холандија биле меѓу најниските во Европа, со просек од 165 сантиметри. Денес, меѓутоа, ситуацијата е сосема поинаква.

Но, како Холанѓаните станале толку високи? Експертите посочуваат неколку причини, како што се природната селекција (во корист на повисоките луѓе), исхраната богата со млечни производи и калциум (влијае на растот и цврстината на коските), квалитетната здравствена заштита и поволната средина (придонесува за зајакнување на имунитетот и растот).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖАЛФИЈА: Зошто важи за едно од најлековитите растенија? (ВИДЕО)

Во 19 век, Американците биле највисоките луѓе во светот, но со текот на годините, за разлика од Холанѓаните, тие станале пониски во просек.

Кога се гледа во државите од нашата околина, жителите на Албанија се високи 174 сантиметри, исто како и Бугарите. Србите имаат просечна висина од 181 сантиметар, а Македонците, па мерењата се однесуваат на 156 држави, а ние не сме анализирани.

Иако Султан Ќосен од Турција, со висина од 251 сантиметар, го држи рекордот за највисок човек во светот, тој е исклучок, а не показател за просечната висина во оваа земја.

Топ 10 земји со највисоки мажи:

1. Холандија – 183,78 см

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хитлеровиот подземен град во Полска: Го граделе 13.000 затвореници, а никој не ја знае неговата намена (ВИДЕО)

2. Црна Гора – 183,3 см

3. Естонија – 182,79 см

4. Босна и Херцеговина – 182,47 см

5. Исланд – 182,1 см

6. Данска – 181,89 см

7. Чешка – 181,19 см

8. Латвија – 181,17 см

9. Словачка – 181,02 см

10. Украина – 180,98 см

 

Топ 10 земји со најниски мажи

1. Источен Тимор – 160,13 см

2. Лаос – 162,78 см

3. Соломонски Острови – 163,07 см

4. Папуа Нова Гвинеја – 163,1 см

5. Мозамбик – 164,3 см

6. Непал – 164,36 см

7. Гватемала – 164,36 см

8. Јемен – 164,42 см

9. Бангладеш – 165,08 см

ПРОЧИТАЈТЕ И:  8.134 тони злато под клуч - оваа земја чува најголем број златни прачки во светот (ВИДЕО)

10. Мадагаскар – 165,16 см